Невремето почнува во 22 часот: Полицијата и војската подготвени за интервенции

 

Според информациите од УХМР, новиот бран на врнежи се очекува да започне денеска по 22 часот. Врнежите ќе продолжат и во текот на ноќта со позасилен интензитет а се очекува да наврнат од 40 до 60 л/м2.  Врнежите ќе бидат изразити во западните и јужните делови на земјата, ќе дува засилен, повремено силен јужен ветер со удари над 80км/час.

Во сабота се очекува кратка пауза за веќе во попладневните часови и вечерта да стигне нов влажен бран, се очекува овој бран да биде ударен, изразен преку поројни дождови и грмотевици.  

 Според информациите за хидолошката состојба, подземјето веќе е полно со вода така што би немало доволно капацитет целосно да ги прими наредните врнежи од дожд. Се очекува сливните подрачја доста брзо да реагираат на најавените врнежи и водостоите нагло да пораснат.        

 

На Координативнотот тело исто така се разгледуваа и превентивните мерки што треба да ги превевземат сите надлежни институции.

 Координативното тело уште еднаш препорачува:

- градоначалниците да ги стават на готовност сите расположливи ресурси,

- градоначалниците да ги мобилизираат кризните штабови и во нив да ги вклучат, претставници од ЦУК, ДЗС и МВР,

- градоначалниците кои имаат потреба од дополнителна помош од технички ресурси (механизација, вреќи и нафта) веднаш да се обратат до Дирекцијата за заштита и спасување,

- градоначалниците да ги информираат месните заедници за најавената дестабилизација на временските услови,

- континуирано да се следи водостојот на реките, да се следи и нивото на акумулациите.

- ЕЛС да интервенира на мостови каде има опасност од задржување големи наноси од надојдените реки,

- сите граѓани кои сметаат дека се загрозени да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК,

- припадниците на МВР и Министерството за одбрана да бидат подготвени за интервенција

- возачите навремено да се информираат за состојбата на патните правци од страна на АМСМ,

- екипи од ЕВН и ДЗС да воведат дежурни служби

- апел до месното население да се вклучи во превентивните акции.

 

Надлежните институции се во постојана координација и комуникација се со цел благовремено да се преземат превентивни мерки за избегнување од евентуални несакани последици. 

 

 

Оцени ја веста

30.01.2015 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега