Зоран Ѓеорѓиевски постави три пратенички прашања

 

На денешната 33-та седница на Собранието која е наменета за поставување на пратенички прашања ,пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Ѓеорѓиевски постави три пратенички прашања.

Првото прашање на пратеникот Зоран Ѓеоргиевски се однесуваше проектот за изградба на фекална канализација која поминува под железничката пруга Куманово- Бељаковце кај с. Режановце  и беше упатено до министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

-Владата и Министертвото за транспорт и врски  и јас како пратеник направивме една иницијатива за разговори со градоначалникот, така градоначалникот зема за обврска да достави проекти за изградба на оваа фекална канализација . Уште по отежнати околности се и сегашните големи подземни води, голема количина на врнежи, така бидејќи нема фекална канализација сведени се на септички јами кои се веќе преполни и постои шанса за некоја епидемија истакна Ѓеорѓиевски.

Одоговор на ова прашање даде министерот за  транспорт и врски Миле Јанакиески, кој истака дека е свесен за проблемите кои ги имаат граѓаните од ова населено место и дека се чека од кумановскиот градоначалник да го достави проектот до министерството.

-Сакам да информирам дека до ден денеска од Општина Куманово проект за изградба на тој канал не е доставена до Министерствотот за транспорт и врски. Би ја искористил оваа прилика да упатам апел бидејќи се работи за еден голем проблем за населението, час поскоро да ги достави до Министерството до транспорт и врски со сите пропратни документи за да може да започне постапката за избор на градежна компанија и да се започне со градежни активности, потенцираше Јанакиески.

Второт прашање кое го постави пратеникот пратеникот Ѓеорѓиевски на денешната седница беше до Министертството за здравство и се однесуваше за историскиот напредок на Република Македонија во здравството каде што според  Европскиот здравствен потрошувачки индекс, Македонија има најголем напредок од почетоците на ова рангирање, напредувајќи од 27 на 16  место.

-Критериумот за староста на инфраструкутрата, староста и бројчаната застапеност на стручните кадри, кои се носители на здравствената дејсност сево ова за да дојдеме во една ситуација покрај мерењето на задоволстовтот на пљациенитте да го измериме и задоволството на здравтветните работницити се со цел здравството да направи уште поголем скок. Дали министерството и по тие критериуми презема нешто, праша Ѓеорѓиевски.  

За ова прашање одговор даде заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, кој истакна дека Македонија има најголем напредок од почетоците на ова рангирање, напредувајќи од 27 на 16 место што во голема мера се должи на елиминирање на листите на чекање.

-Според овој европскиот здравствен потрошувачки индекс во кој што Македонија има најголем напредок од почетоците на ова рангирање значи од 27 место како што кажавте на на 16 место што во голема мера се должи на елиминирање на листите на чекање, преку имплементација на електронскиот систем за закажување во реално време. Македонија доби 700 бода од вкупните 1000 и се најде на 16 место од вкупно 36 земји, додаде Андовски.

Третото прашање Ѓоргиевски го упати до Министертовото за образование и наука и се однесуваше на фискултурната сала  на среднотехничкото училиште во Куманово Наце Буѓони .

-Со заменик министерот за образование бевме на лице место, училиштетот е во една многу добра кондиција така да главна работа која фали е фискултурната сала за ова училиште кое е сон од некои многу далечни времиња, затоа што фискултурата во ова среднотехничко училиште каде што се сместени три училишта средно машинско, средно електро и средно медицинско се не изведува во зисмските услови, единствено се изведува кога се подобори условите надовр под ведро небо.  Прашање е кога ќе почне со изградба ветената спортска сала истакна Ѓеорѓиевски.

 

За ова прашања пратеникот Ѓеорѓиевски ќе добие одговор по писмен пат од страна на Министерството за образование.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега