Нема спас од дождот - еве каде наврна најмногу изминатото деноноќие

Во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово, се наврнати 24 литри дожд на метар квадратен во Дојран, 18 во Гевгелија, 16 во Струмица, 11 во Виница, 10 во Берово, осум во Демир Капија и Дебар, седум во Штип, четири во Кавадарци и Маврово, три во Претор и Пожаране, два во Скопје, Тетово, Лазарополе и Ѓуриште, како и еден во Крива Паланка, Битола и Крушево.
Висината на снената покривка е 32 сантиметра во Маврови Анови, 10 во Лазарополе и Виница, девет во Берово, седум во Пожаране, четири во Крушево и Ѓуриште, три во Штип и Претор, како и еден во Струмица, Тетово, Дебар и Тополчани.
Времето е облачно со локални врнежи од снег, а во југоисточниот дел и снег. Дува слаб ветер од северен правец.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









