Проверете ја моменталната состојба на патиштата во Македонија

 

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат кај Страцин, Куманово, Попова Шапка, Павлешенци и Смојмирово, но не претстсвуваат проблем за нормално одвивање на сообраќајот.

Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента. Сообраќајот на патниот правец Демир Капија кон с. Корешница е нормализиран. Забраната за движење, поради свлечиште, на патот Киселица - Злетово во општина Пробиштип сеуште останува.

На регионалениот пат Р2232 на м.р.”Глобица” во непосредна близина на с. Ратавци – Пробиштип сообраќајот е сеуште во прекин.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло.

Сообраќајот на патниот правец Р1401, клучка Марвинци - Гевгелија е во прекин поради излевање на р. Вардар.

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ: Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д.Коњаре, поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега