ФОТО: Самохрана мајка остана шокирана - приказна која го обиколи светот
![]()
Саманта Велч од Велика Британија е самохрана мајка која на последното патување со воз го привлекла вниманието на еден од патниците, поради тоа што постојано го занимавала својот 2-годишен син и не дозволила да ги вознемирува останатите патници.
Таа постојано играла игри со малиот Рајлан, па кога тој заспал го префрлила кај неа во скут за да се ослободи место за другите патници.
![]()
Кога се подготвувала да се симне, непознат маж и пришол и и рекол дека нешто и испаднало од џеб, па и го подал ливчето кое пријатно ја изненадило.
-„Напијте се на моја сметка. Вие сте гордост за вашата генерација, пристојни сте и добро го одгледувате вашиот син. ПС. Имам ќерка на ваша возраст, се надевам дека таа еден ден ќе биде добра мајка како вас“, стои на ливчето со кое имало и банкнота од 5 фунти.
Саманта била изненадена од потегот на човекот со кој не ни зборувала, но секако направил да се чувствува добро.
Сега таа сними видео во обид да го најде човекот кој и приредил олку убаво изненадување, во надеж да го најде и лично да му се заблагодари.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









