Во Куманово делумно се спроведе екстерното тестирање

Делумно се спроведе екстерно тестирање во кумановските средни училишта, а според информациите на директорите на училиштата, на тестирањето се пријавиле различен број ученици од завршните години на гимназијата и на стручните училишта.
- Шеесет проценти од 300 ученици денеска се тестираа.Процесот го следеа 5 лица, рече директорот на кумановската гимназија „Гоце Делчев“,Горан Димитријевиќ.
Во средното стручно училиште „Наце Буѓони“ од 199 ученици, се тестирале 55 ученици.
Од учениците кои следат настава на албански наставен јазик на екестерното не се појавил ниту еден ученик, информираше директорката на училиштето Лидија Михајловска. Само тројца ученици од средното стручно училиште „Перо Наков„ го завршиле тестирањето, соопштија надлежните од училиштето.
- Вкупно имаме 135 ученици од завршните години кои настава следат на македонски и 22 на албански јазик, вели директорката Лидија Тасевска.
Екстерното тестирање, нагласи директорката на средното стручно училиште „Киро Бурназ“ Весна Трајковска, започнало навреме, а се тестирале 16 од вкупно 74 пријавени ученици.
Директорите на овие училишта потврдија дека техничките услови за спроведување на екстерното тестирање биле исполнети.
Оцени ја веста
26.01.2015 - 16:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









