Доаѓа нов снежен бран - кој е најстуден град утринава?

 

Времето денеска ќе биде претежно облачно со слаб до умерен северен ветер. На планините ќе има повремен слаб снег. Доцна попладне, најпрво на југ и краен запад потоа и на исток ќе има повремен локален дожд кој во текот на ноќта и на некои пониски места ќе поминува во снег. Максималната температура ќе се движи од 2 до 8 степени.

Утринава минимални температури се измерени -6 во Маврови Анови, -3 Крушево и Лазарополе, -1 во Крива Паланка, 0 во Куманово, Берово, Прилеп, Демир Капија, Претор, Виница, Дебар. Еден степен е измерен во Скопје на Зајчев Рид, Тетово, Штип, Охрид, Кавадарци, 2 во Скопје на мерната станица во Петровец, во Битола и Струмица, 4 во Дојран до 5 степени во Гевгелија.

Во 7 часот снежната покривка во Маврови Анови била 28 сантиметри, 7 во Лазарополе, 3 во Пожаране, 2 во Крушево и 1 сантиметар во Ѓуриште.

Во изминатите 24 часа, до 7 часот утрово наврнат е 6 литри на метар квадратен воден талог во Пожаране, 5 во Маврови Анови, 3 во Крива Паланка, 2 во Лазарополе, Дебар, Крушево и 1 во Берово, Куманово, Охрид, Претор, Дојран, Струмица и Виница.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега