Попоски во Албанија на средба со државниот врв

 

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Албанија, на покана на неговиот албански колега Дитмир Бушати.

Како што информираат од македонското МНР, се очекува министерот Попоски да биде примен од албанскиот претседател Бујар Нишани, од албанскиот премиер Еди Рама, како и од претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието, Арта Даде.

За време на посетата, министерот Попоски ќе оствари средба и со претставници на македонското национално малцинство во Албанија.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 09:29
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега