Последно коло во Ц и Д групите на СП во Катар
На Светското ракометно првенство во Катар денеска ќе се играат натпреварите од последното 5.коло во Ц и Д групите.
Во овие две групи, остануваат уште две слободни месата за осминафиналето, за кои ќе претендираат четири селекции.
Во директен дуел Русија и Аргентина ќе решаваат која селекција ќе им се приклучи во осминафиналето на Германија, Данска и Полска од Д групата.
Во групата Ц, во првиот меч на Исланд му е потребен триумф над Египет. Доколку натпреварот заврши без победник или со пораз на Исланд, тогаш Чешка ќе мора да ја совлада веќе отпишаната репрезентација на Алжир која досега претрпе четири порази.
Пласман меѓу шеснаесетте, од оваа група имаат обезбедено Шведска, Франција и Египет.
Комплетни двојки за денешните натпревар:
Ц група: Египет – Исланд, Алжир - Чешка и Франција – Шведска.
Табела: *Шведска 7, *Франција 7, *Египет 5, Исланд 3, Чешка 2 и Алжир 0.
Д група: Русија – Аргентина, Саудиска Арабија – Германија и Данска – Полска.
Табела: *Германија 7, *Данска 6, *Полска 6, Аргентина 3, Русија 2 и Саудиска Арабија 0.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа