Обрван: Ако ја повториме играта како со Хрватска ќе ја победиме Австрија

 

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ивица Обрван смета дека неговите избраници можат да дојдат до поволен резултат на средбата со Австрија доколку се прикажат во издание како на дуелот со Хрватска.

- Од Хрватска загубивме ама прикажавме игра за која убеден сум дека ако ја повториме ќе биде доволна да ја победиме Австрија. Хрватите неколку пати ни дадоа голови од контри и полуконтри и ќе треба на тој момент од нашата игра да ставиме акцент, бидејќи и денешниот противник има поединци кои на таков начин ги казнуваат грешките, рече Обрван.

Тој побара неговите избраници да бидат сконцентрирани во текот на целиот натпревар и да направат напор евентуалните падови и кризни периоди да траат што покусо не дозволувајќи на Австријците да влезат во серија.

Што се однесува до еден од клучните одбранбени играчи Ацо Јоноски, селекторот рече дека неговиот настап се уште е неизвесен и ќе се знае до пред самиот натпревар дали ќе може да помогне.

Македонија од 17 часот против Австрија ќе се бори да остане непоразена и да заврши на втората позиција на табелата во Б групата од Светското првенство во ракомет што се одржува во Доха, Катар.

 

 

Оцени ја веста

23.01.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега