Кавадарци донесе мерки за справување со загадувањето на воздухот

 

Советот на општина Кавадарци на денешната седница донесе неколку предлог мерки со кои треба да се намали загадувањето во градот Кавадарци.

- Јавното комунално претпријатие два пати неделно да ги мие сите градски улици, да се преговара со Фени индустри времено да ги пренасочи тешките возила по заобиколен пат и на видео бим на општинската зграда да се објавуваат параметрите за квалитетот на амбиенталниот воздух, граѓаните само во неопходни случаи да користат возила и да не користат јаглен за загревање се додека тој претставува ризик за загадување, ова се усвоените предлог мерки кои се донесени во согласност со препораките на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Градот Кавадарци во декември и особено јануари се најде на листата на градови со зголемено загадување заедно со уште неколку други општини.

 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 18:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега