Лазаров: Нема причина за наведнати глави

 

Дуелот со Хрватска и поразот се веќе минато за нашата репрезентација и сите погледи се свртени кон следниот натпревар утре со Австрија.

Пред денешниот тренинг капитенот Кирил Лазаров изјави:
- Долго не можевме да заспиеме, го искористивме тоа и ја гледавме снимаката од дуелот со Хрвстака. Тоа беше добро што гледавме и ги видовме грешките, ситниците што обично не се гледаат за време на натпревар. Нема причина да биде со наведнати глави по поразот. На другите натпревари ќе покажеме поголема сила. Бевме блиску, но победата ни „излизга“ од раце. Ние сме фаворити со Австрија, нема калкулации одиме на 4.та победа на првенството. Имаме проблем со повредата на Ацо Јоновски, но колку што го знам Ацо ќе стисне заби и ќе ни помогне. Во нашата игра има уште простор за подобрување.
Сител.мк
 

 

Оцени ја веста

22.01.2015 - 18:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега