Подгответе се, доаѓа циклонот Вера: Од утре обилни врнежи од дожд

Во наредните два дена подрачјето на државава ќе биде под влијание на циклонска активност што ќе услови претежно облачно време со врнежи од дожд.
Пообилни врнежи ќе има утре, особено во источните делови, локално со над 30 литри на метар квадратен, кога повремено ќе дува и засилен јужен ветер, а ќе има услови за ретка појава на грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. На повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка.
Од сабота ќе има заладување со северен ветер и повремени врнежи од снег на повисоките места. Во недела попладне и во понеделник ќе има преодно стабилизирање, но ќе се задржи студено и ветровито време. Дневната температура ќе се движи од два до осум степени.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









