Познато од што се затрул Прибак: Засега е многу лошо!

 

Средниот бек на Македонија, Немања Прибак е неизвесен за утрешниот настап против Хрватска во четвртото коло од Б групата, откако цел ден минал во болница на инфузија. Причината е труење со храна.

„Незнам точно од што е труењето, дали од десерт или сладолед. Купив после вечерата некој сладолед, но изгледа не бил добар. Денеска цел ден бев во болница на инфузија. Ми рекоа дека е тешко труење. Прашање е дали утре ќе можам да играм. Ќе видиме како ќе се чувствувам кога ќе станеме од спиење. Засега е многу лошо, вели Немања Прибак за Спортмедиа.

Повеќе на Спортмедиа

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега