Паднаа маските- само општините на СДСМ стојат зад штрајкот на СОНК

 

Штрајкот на СОНК пропадна, фијаското на синдикатот е пропаст и за СДСМ. Низ целата држава има непречена настава, единствено само во Струмица и Куманово каде со притисоци и закани наставата е прекината.

Второто полугодие од учебната година денеска непречено продолжи во сите општини освен во Струмица и Куманово, со кои управува опозицијата преку Зоран Дамјановски –Циц и Зоран Заев. Околу 280.000 основци и средношколци се вратија во училишните клупи, а опозициските маски уште еднаш паднаа.

Членови на СОНК од повеќе градови ширум Македонија, изминативе денови јавно изразија несогласување со одлуките на претседателот Јаким Неделков. За нив, одлуката за штрајк е единствено во функција на промоција на самиот претседател во пресрет на изборите закажани за октомври.

Ваквата нивна одлука денеска се покажа на дело, штрајкот на СОНК пропадна и синдикатот не доби поддршка за истиот.  Наставата непречено се одвива во сите општини, освен во општините на СДСМ како Струмица и Куманово, каде локалната власт ја практикуваат Дамјановски и Заев.

Според информациите, наставата во Куманово и Струмица е прекината со притисоци и закани, со што јасно излегува на површина кој стои зад штрајкот на СОНК. Фијаското на штрајкот на синдикатот претставува пропаст и за СДСМ. Наставниците не го поддржаа лидерот Јаким Неделков, за кого сметаат дека неговата одлука е да се изврши лична промоција заради задржување на актуелната позиција и бенефициите кои таа ги нуди.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

20.01.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега