Христијан Трајкоски од Прилеп го фати крстот во реката Јордан во Чешка

По повод големиот христијански празник Богојавление-Водици, во Чешка се одржа прослава по старите македонски обичаи, јави дописникот на МИА од Прага.
Свечената литургија, на која присуствуваше голем дел од македонската заедница, меѓу кои и македонскиот амбасадор во Прага Паскал Стојчески, ја одржа владиката Христофор, поранешен поглавар на Православната црква на Чешка и Словачка.
Крстот кој се фрлаше во реката Јордан, во местото Тешов во западниот дел на земјата го фати Христијан Трајкоски од Прилеп, кој неколку години живее во Чешка.
Кум на верската манифестација е Ненад Серафимоски.
Оцени ја веста
19.01.2015 - 13:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









