ФОТО: Во Штип крстот го фати 30-годишниот Горан Јовановски

Триесет годишниот Горан Јовановски го фати светиот крст во Штип кој годинава за првпат се фрлаше од каманиот мост во реката Брегалница.
Најбрз од 30-тината момчиња кои скокаа во Брегалница кај камениот мост беше Горан Јовановски, кој по петти пат до сега учествувал но оваа година за прв пат му успеа да биде најбрз.
- Очекувам здравје, љубов среќа. Ете, од петти пат ми успеа да го фатам крстот.
Градоначалникот на Штип е задоволен од одзивот на граѓаните и од возобновувањето на традицијата:
- Како што во реката на Брегалница се крштевале Пеонските кралеви и како што Свети Кирил и Методиј го правеле тоа во водите на Брегалница, денес сме сведоци на враќање на традицијата. Нема подобро место да се направи овој свет хртистијански чин од водите на Брегалница. На оние кои го фатија крстот им посакувам здравје, среќа и успех а на штипјани уште многу години да го одбележуваат Богојавление на ова место.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









