На температури под нулата живее на улица - тажна сторија на скопски бездомник

Чичко Тодос некогаш добро заработувал и имал топол дом, а денес живеалиште му е просторот под железничката станица. На температури под нулата живее на улица. Работите натрупани во една торба е се што има.
Кога е многу студено моли во околните објекти да го примат да се стопли и полесно да ја помине ноќта. Оваа тажна сторија на Сител, ја пренесе порталот Здравство24.
-Вечерва ќе ја поминам во кладилница и на автобуска, вели чичко Тодос.
-Како е да се живее на улица? -Тешко е тешко е, не може да се остане, додава чичко Тодос.
Јадел што ќе најде, но не питачел и кога бил гладен.
-За јадење има бурекџилници и продавници и ми оставаат на страна. Чичко Тодос со години бил градежен работник. Вели дека судбината му го променила животот преку ноќ. Го напуштил семејството бидејќи се што заработил изгубил на коцка.
-Сме работеле и дома и по странство, Германија, Либија, Русија, словенија, Хрватска, Црна Гора…
-И каде се заработените пари? -Се се отидени на коцка.
-Се коцкавте многу? -Да.
-Затоа избегавте на ваков начин? -Да затоа, но не се каам, вели чичко Тодос.
Семејството го барало да се врати дома, но тој сакал уште некое време да остане на улица. Еднаш неделно оди во пунктот на Црвениот Крст во Момин Поток. Се бањаше, јадеше топла супа, а го прегледа и лекар.
Заедно со Тодос уште 45 бездомници редовно доаѓаат овде во Пунктот на Црвениот Крст во Момин Поток. Тука добиваат соодветна здравствена и социјална грижа.
Околу Нова година кога беше најстудено некои од бездомниците ноќевале во пунктот , но Тодос останал на улица.
-Кога ќе дојдат може да ги користат услугите, да се искапат, да добијат берберски услуги, облека, лекарски преглед…, вели Марина Матеска, координатор на пунктот за бездомници во Момин Поток.
Во Пунктот работат и на ресоцијализација на бездомниците и им помагааат да ги извадат неопходните лични документи. -Ќе ги направам сите напори и методи, ако не го знае неговиот матичен број да стигнам до неговите блиски сродници за да може да извади лична карта, вели Драгана Лазаревска, социјален работник во Црвен Крст.
Чичко Тодос иднината не ја гледа на улица. Планира на пролет да заработи некој денар и повторно да се врати во семејниот дом.
-Размислувам овој месец да заработам некој денар и да се вратам дома, рече чичко Тодос.
Додека парите не станат реалност, чичко Тодос останува на студените улици. Тие ќе бидат негов животен сопатник до крајот на зимата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








