ФХ3Х во трка за Оскар

 

Чувари на галаксијата и Капетан Америка: Зимски војник, двата филма на кои ФХ3Х беше соработник на Method Studios, односно на Scanline, се официјално номинирани за Оскар за најдобри визуелни ефекти, пренесува МИА.

Номинациите за најпрестижните награди во филмската индустрија беа објавени на прес-конференција во театарот на Академијата „Семјуел Голдвин“ од актерот Крис Пајн, претседателот на Академијата Шерил Боун Ајзак и режисерите Алфонсо Куарон и Џ.Џ Абрамс.

Продуцентите за доделувањето на оскарите оваа година прват ги објавија сите номинации во 24 категории. Куарон и Абрамс ги објавија номинациите за: анимиран филм, документарен филм, краток документарен филм, монтажа, оригинална песна, продукциски дизајн, анимиран краток филм, монтажа на звук и визуелни ефекти.

Пајн и Боун Ајзак ги објавија номинациите за најдобар актер, најдобра актерка, најдобар актер и актерка во споредна улога, кинематографија, костимографија, режија, странски филм, шминка и фризура, оригинално сценарио, преработено сценарио и најдобар филм.

Покрај Чувари на галаксијата и Капетан Америка: Зимски војник, меѓу петте номинирани за престижната статуетка во категоријата за најдобри визулени ефекти се и X-Man: Days of Future Past, Dawn of the Planet of the Apes и Interstelar.

Церемонијата на доделување на Оскарите ќе се одржи на 22 февруари. 

 

 

Оцени ја веста

18.01.2015 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега