ВМРО-ДПМНЕ: Од кој имот Шилегов добива 700 евра месечно на име закупнина, СДСМ нема одговор за фактите

СДСМ и Петре Шилегов се фатени на дело. ВМРО-ДПМНЕ зборува со факти за кои СДСМ нема одговор, велат од владејачката партија.
СДСМ не знаат, а и нема како да објаснат како е возможно Петре Шилегов да добива 700 евра месечно на име закупнина за имот кој никаде не постои.
Од овие приходи Шилегов годишно инкасира 8 400 евра за имот кој никаде го нема.
8 400 евра приход за кој никој не знае од каде доаѓа.
Еве го Анкетниот лист на Петре Шилегов кој го потврдува истото. Овде стои дека Петре Шилегов во ставката други приходи остварува месечна закупнина од 43 000 денари од имот во сопственост на неговиот брачен другар.
Еве го и документот кој ВМРО-ДПМНЕ го побара од Агенцијата за катастар на недвижнини со кој се потврдува дека лицето Јасмина Шилегова, сопруга на Петре Шилегов, не е сопственик на никаков недвижен имот на свое име.
Од кој имот Шилегов добива 700 евра месечно на име закупнина?
Што криете господине Шилегов?
Има неколку алтернативи, или Петре Шилегов на ваков начин пере пари стекнати на незаконски начин, или некој месечно му исплаќа средства по незаконски пат за недозволена работа или поседува непријавен имот? Или пак и самиот не е свесен како дошле овие 8 400 евра приход кај него.
Го потсетуваме Шилегов дека добро би било на јавноста да и објасни по кој основ ја добива оваа голема сума евра месечно. Нека не се крие зад фабрикувани напади кон другите. Сега мора сам да си одговори.
Кога сето ова ќе го поврземе со фактот дека Шилегов поседува имот вреден речиси еден милион евра, тогаш е навистина интерсно како може тоа да се стекне и заработи.
Од кои се приходи Шилегови успеале да го стекнат богатството од скоро 1 000 000 евра?
Наместо да се крие зад манипулации и измислување скандали за други, треба да излезе во јавноста и да почне да дава одговори.
СДСМ и Шилегов треба да излезат во јавноста и да го објаснат потеклото на приходите на Шилегов.
СДСМ и Шилегов треба да излезат и да објаснат дали постои имот на име на сопругата на Шилегов кој тој го нема пријавено, а ако нема таков имот тогаш да кажат како е возможно некој да добива кирија за имот кој не постои.
Интегрален текст
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









