Штрајкот на СОНК без поддршка и во Кавадарци

Во Кавадарци на 20 јануари наставниците нема да штрајкуваат. Во името на професорскиот и наставничкиот кадар , денеска градоначалникот Александар Панов одржа прес конференција на која јавно го кажа ставот дека не го прифаќаат закажаниот штрајк на СОНК на 20 јануари.
- Во изминатиот период, Владата направи големи инфраструктурни промени, но ке следуваат и големи промени во делот на квалитетот на наставата. Промените имаат за основна цел да ја подобрат наставата и воспитно образовниот процес во кој се вклучени нашите деца, рече Панов.
Општина Кавадарци заедно со целокупниоит наставен и професорски кадар, нагласи тој, ги поддржува сите промени кои имаат за цел подигање на квалитетот на наставата и најостро ги осудува сите чекори со кои учениците треба да трпат штетни последици заради нечии амбиции.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









