Јанакиески најави изградба на нов водоводен систем во неготинско

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска беше во работна посета на општина Неготино, при што оствари средба со граѓани, го означи завршувањето на изградбата на фекалната канализациона мрежа во населбата Тремник, свечено го пушти во употреба повеќенаменското игралиште во населбата Саат кула и со градоначалникот Ванчо Апостолов на граѓаните им доделија решенија за легализација на бесправно изградени објекти.
Јанакиески го потенцираше значењето на овие неколку проекти, кои во минатото претставуваа реална потреба и барање на самите граѓани на општина Неготино, а воедно и ветување од страна на локалната самоуправа.
Тој воедно, како што соопштуваат од Министерството, ја искористил можноста да апелира за поголема ефикасност при решавањето на предметите за легализација, до жителите на Неготино упати апел да го почитуваат крајниот рок за доставување на барања за легализација на бесправно изградени објекти заклучно со 31.12.2015 година, се со цел да бидат решени што е можно поголем број на предмети и да се излезе во пресрет на граѓаните кои се засегнати со овој проблем.

-Во однос на изградбата на фекалниот канализационен систем во село Тремник, Јанакиески истакна дека се реши долгогодишен проблем на околу 1000 жители, проект кој го реализира министерството за транспорт и врски во соработка со општина Неготино во вредност од околу 200 илјади евра, овој проект, кој со години создаваше дополнителни проблеми на жителите од Тремник, сега веќе септичките јами се минато, се реши проблемот со подземните води, се создадоа услови за поквалитетен живот и заштита на животната средина, потенцира Јанакиески. Исто така од Тремник, министерот најави уште еден мошне значаен проект кој ќе отпочне да се гради, а тоа е нов водоводен систем за жителите на Пепелиште, соопштуваат од Министерството за транспорт.

Јанакиески и градоначалникот Апостолов, свечено го пуштија во употреба повеќенаменското спортско игралиште во населбата Саат кула, кое претставуваа новоместо за спорт и рекреација на жителите на Неготино, и посакаа што поголем број на деца да го користат овој спортски терен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









