Честитка од Комисијата за верски заедници по повод Водици

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по повод претстојниот голем христијански празник Богојавление-Водици денеска упати честитки до Македонската православна црква - ОА и архиепископот г.г Стефан.
- Славејќи го Христовото крштевање го прославуваме нашето духовно раѓање и нашата вера. Тоа е настан што не поттикнува да се пронајдеме во верата и да го сочуваме и продолжиме Христовото учење за богоугоден, мирен и спокоен живот, за покајанието и прочистувањето, за љубовта помеѓу луѓето, трпението и милосрдието, се вели во честитката.
На овој голем богојавленски празник, истакнува Комисијата за односи со верските заедници, да празнуваме и да се радуваме на денот кога со осветувањето на водите и објавата на Божјиот лик помеѓу луѓето се осветли човековиот живот, и да веруваме дека верата е нашата најголема сила за да се издржат сите предизвици и искушенија, и е единствениот пат кон нашите успеси и напредокот.
- Да си посакаме покрстената вода да ни даде нова сила за нови дела, да ја прочисти нашата душа и да ги зближи луѓето.Нека ни е честит и вековит, големиот христијански празник- Богојавление Водици, наведува во честитката Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









