Штипските риболовци ја порибија реката Брегалница

Здружението на спортски риболовци „Брегалница 2011“ – Штип денеска изврши порибување на реката Брегалница. Претседателот на Здружението, Никола Мицевски истакна дека во реката Брегалница се пуштени 1.500 мали крапови.
Посочи дека во денешната акција за порибување на најголемата река во Источна Македонија учествувале и спортските риболовци од Здружението „Рибар 2011“ од Скопје.
- Морам да им се заблагодарам на спортските риболовци од „Рибар 2011“ од Скопје кои од нивниот буџет издвоија средства како донација за порибување на реката Брегалница. Покрај нашето порибување денеска има и порибување и од нивна страна. Тие ќе порибат околу 1.000 мали парчиња крап, рече Мицевски.
Појасни дека ова е четврто порибување на реката Брегалница, а кое е спроведено од страна на членовите на нивното Здружение. Смета дека со организираните контроли и чуварската служба, намален е бројот на рибокрадци.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









