Велешките училишта нема да го поддржат штрајкот

 

Училиштата во Велес нема да го поддржат најавениот штрајк на СОНК, изјави денеска на прес-конференција  градоначалникот на Велес Славчо Чадиев, кој го пренесе ставот на директорите на основните и на средните училишта во градот со кои денеска имал средба. 

- Информиран сум дека во сите училишта во Велес наставата започнува на 20 јануари. Ова им го соопштувам на сите родители кои се интересираа и се јавуваа деновиве во Општината, рече Чадиев.

Тој соопшти и дека ако СОНК, сепак, одлучи да штрајкува, според законските решенија општината има подготвено замени за професорите кои ќе го поддржат штрајкот. 

- Ако било каде се појави некаков застој, ние сме подготвени согласно Законот да најдеме замена за тие професори, рече Чадиев. 

 

 

Оцени ја веста

16.01.2015 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега