Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поддржува Предлог-законот за високото образование

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го поздравува и го поддржa новиот Предлог закон за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование кој беше изгласан на вчерашната 31-ва седница на Собрание на Република Македонија.
Овој Предлог закон претставува еден од пакетот закони во делот на образованието кои се носат со цел подобрување на квалитетот на образованието во Република Македонија.
Предлог законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование претставува ново законско решение со кое секој студент кој што ќе сака да се запише на педагошки факултет ќе треба да поседува минимум просечен успех од 4.00 во средното образование, како и дополнително полагање на посебен приемен испит за упис педагошкиот факултет.
Со овој закон се предвидува обезбедување на студентите со неопходни знаења, способности и вештини со кои истите ќе бидат оспособени за иведување на воспитно-образовна дејност. Исто така, се нуди еднаква пристапност на сите под условите утврдени со овој закон кој се базира на обезбедување на квалитет на образованието, поголема транспарентност и олеснување на постапките за запишување на студентите.
Дополнително, законот предвидува и одредени бенефиции и поволности во вид на стипендија која ќе изнесува најмалку 50% од просечната месечна нето плата во Република Македонија за студентите на студентските програми за образование на наставниците во предучилишна и оделенска настава кои оствариле просечен успех од најмалку 8.00 секоја студиска година последователно и положени најмалку 80 % од испитите за претходните студиски години.
Идејата за носење на ваков тип на Закон, наиде на позитивни реакции во јавноста бидејќи ова решение ќе допринесе за поквалитетно воспитание и образование, како и за создавање на стручни кадри кои во иднина со својата стручност би требало да го подобруваат квалитетот на знаење кои ќе го стекнуваат учениците во текот на своето образование.
ако пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ цврсто веруваме и убедени сме дека Предлог законот за високообразовните установи за образование на наставен кадар во предучилишното воспитание, основното и средното образование ќе обезбеди квалитет на образованието за изведување на воспитно-образовна дејност, како и зајакнување на воспитно образовниот процес кој треба да допринесе за поквалитетни и постручни кадри во иднина кои ќе се стекнуваат со квалификации за вршење на професијата наставник во предучилишното воспитание, основното и средното образование.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









