Иванов до ракометарите: Донесете ни радост, очекуваме многу од вас!

 

 

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ги посети македонските репрезентативци во Катар и им посака среќа на ракометниот мундијал што ќе почне денеска со мечот меѓу домаќинот и селекцијата на Бразил.

-Македонија очекува многу од вас. Со нетрпение го очекуваме стартот на шампионатот, со надеж дека ќе ни донесете многу причини за радост, изјави Иванов на средбата со ракометарите.

Македонија утре од 15 часот против Тунис ја почнува новата одисеја на ракометните шампионати, а во групата Б противници ќе ни бидат и Иран, БиХ, Хрватска и Австрија.

Иванов е во дводневна работна посета на Катар и ќе има средби Емирот на државата Шеик Тамим Бин Хамад Ал Тани и со дел од бизнис заедницата во најбогатата земја на планетата.

 

 

Оцени ја веста

15.01.2015 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега