За 4 години интересот за работата на општина Штип зголемен од 23 на 38 отсто

Информирањето и отчетноста за работата на локалната самоуправа и во изминатата 2014 година бележи позитивен тренд. Интересот за работата на локалната самоуправа бележи раст а и бројот на информации за активностите на локалната самоуправа е зголемен за најмалку 15 отсто.
Од јануари до декември 2014 година од страна на одговорните лица за односи со јавност дадени се над 150 изјави за активности, процеси или проекти на локалната самоуправа, објавени се над 470 информации, соопштенија и податоци на официјалната веб страница на општина Штип и издадени се 12 броеви на општинскиот гласник „Мозаик".
Зголемена е и бројката на луѓе кои имале средба и со градоначалникот на Штип, прим.м-р Илчо Захариев. Во периодот април-декември 2013, со градоначалникот средба оствариле 9600 граѓани, додека во периодот јануари-декември 2014 бројот на остварени средби е 12.000 или во просек по 1000 лица месечно. При тоа е важно да се напомене дека сите странки се примени, сослушани се нивните проблеми, пофалби или предлози, онаму каде што општината или градоначалникот имале ингеренции е помогнато, а онаму каде што немаат, испратени се барања и ургенции за решавање на проблемите на граѓаните преку државните институции.
Според статистичките податоци, во 2009 година интересот за локалната самоуправа бил 15% а до 2010 истиот е зголемен на 23%. Според бројот на контакти со медиумите, граѓаните и информациите во оптек, интересот за локалната самоуправа во изминатите 4 години, како и за работата на локалната самоуправа е зголемен за дополнителни 10-15 % односно изнесува околу 38%. Ваквото зголемување се должи и на се поголемата отвореност на општината за граѓаните, транспаренотста при објавување на информации за сервисите и услугите на општината, користењето на социјалните мрежи и профили на локалната самоуправа, извештаите за седниците на комисиите и Советот на Општината, објавувањето на листите на јавните набавки и проектните активности на градоначалникот и оштината. Секако, голем удел имаат и урбанистичките проекти за легализација на дивоградбите и продажба на градежното земјиште, што предизвика интерес кај граѓаните, преку кои постапки поблиску се запознаа и со работата на општината.
Голема улога во промоцијата на локалната самоуправа имаат и регионалните медиуми, кои објавувајќи информации од различен карактер имаат голема заслуга за се поголемата отвореност на општината и за интересот на граѓаните за работата на градоначалникот, советот и администрацијата, за што искрено им благодариме. Исто така и соработката со разни НВО и зруженија на граѓани кои се занимаваат со мониторинг на процесите во општината помогнаа да се надминат некои слабости и да се подбрат услугите кон граѓаните за што исто така им благодариме. Основен предизвик во новата 2015 година е да се охрабрат граѓаните секојдневно да се запознаваат со работата на телата на општината преку нивно присуство на седници на комисии или на Советот на општината како и учество во постапки кои се важни за нивната заедница, како што е разгледување на буџетот, програмите на ЈП-а и слично.
Kurir
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









