Почна втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“
Општина Чаир започна со работите за изградба на втората фаза од плотшадот „Скендербег“. Првично беше предвидено да стартуваат лани во ноември, но според надлежните во општината, доцнењето е заради обезбедување на сите неопходни дозволи од Министерството за внатрешни работи за посебен времен режим на сообраќајот на булеварот „Гоце Делчев“ за време на изведбените работи.
- Втора фаза предвидува да се изгради пешачки мост над булеварот „Гоце Делчев“ со површина од 8.000 метри квадратни. Пешачките површини ќе продолжат се до паркингот пред стоковната куќа „Илинден“, а од запад ќе се граничи со стоковната куќа „Мост“, на југ со Даут пашин амам, а на исток со крстосницата помеѓу булеварот „Гоце Делчев“ и улицата „Стив Наумов“ . Површината пред „Илинден“ ќе биде околу 14.000 метри квадратни, велат од општина Чаир.
Во третата фаза, посочуваат, предвидена е изградба на подземен паркинг на две нивоа за 400 возила.
Првата фаза од изградбата на плоштадот чинеше 2,8 милиони евра, а за реализацијата на трите предвидени фази се очекува да чини вкупно 10 милони евра кои веќе се обезбедени од страна на Владата.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









