ФОТО: Болни спомени - одбележани 7 години од несреќата на армискиот хеликоптер

 

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, заедно со делегации од министерството и Генералштабот на АРМ со положување венци со свежо цвеќе кај катлановско Блаце ја одбележаа седумгодишнината од хеликоптерската несреќа во која животот трагично го загубија 11 припадници на Армијата на Република Македонија.

Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година во услови на магла на локација кај катлановско Блаце, враќајќи ги потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски од мисијата „АЛТЕА“, Босна и Херцеговина.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега