Продолжува конзервацијата на црквата „Св. Никола“ во Манастир

 

Во мариовското село Манастир стручни екипи на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј - Прилеп со поддршка од Министерството за култура ја продолжија конзервацијата и санацијата на црквата „Св. Никола“. Екипите интензивно работат на конструктивна консолидација на темелите на црквата од западната страна.

Министерството за култура соопшти дека заради адекватна заштита на овој значаен  споменик на културата од 11 до 13 век претходно биле поставени потпорни ѕидови и извршено зацврстување на темелите на црквата од источната, северната и од јужната страна.

- Во текот на интервенциите, откриени се и темелите на еднокорабната црква од 11 век. Пред почетокот на проектот за санација беше изработена студија за конзерваторско–реставраторските зафати во самиот објект, каде што паралелно се  работеше и на конзервација на вредниот фрескоживопис. Во 2015 година е планирано да се изврши препокривање и санација на архитектурата на овој значаен споменик на културата од византискиот период, информира Министерството за култура. 

Црквата „Св. Никола“ во село Манастир, Мариово, е изградена во 1095 година, а денешниот изглед го добила во 1266 година. Според архитектурата, црквата претставува трикорабна базилика која содржи извонредни фрески, како што се „Св. Богородица со ангелите“ и „Св. Никола“. Ваквиот тип сликарство е многу редок и е застапен само во црквата во Курбиново и во „Света Софија“ во Охрид.

 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега