Македонија мрзне: Кој град е најладен утринава?

Во Лазарополе има 35 см снег, во Крушево 17 см, во Пожаране 15 см, Тетово 13 см, во Виница 12 см, 11 во Ѓуриште, 10 во Прилеп, 8 во Охрид, 6 см во Битола и Тополчани, 4 см во Скопје-Зајчев Рид и во Крива Паланка, три сантиметри снег има во Берово и Куманово, два во Штип и еден сантиметар снежна покривка е измерена во Скопје кај Петровец.
Измерен е наврнат воден талог за изминатите 24 часа. До 7 часот се измерени 13 литри на метар квадратен во Виница, 12 во Лазарополе и Пожаране, 9 во Маврово, 7 во Прилеп, 6 во Битола, 5 во Крушево и Тетово, 4 во Охрид, Претор и Топлчани, три литри во Крива Паланка и Кавадарци, два во Скопје-Зајчев Рид и во Берово и по еден литар на метар квадратен во Скопје-Петровец, Струмица и Куманово.
Најниска температура од минус 6 степени утрово била измерена во Маврово, 5 степени под нулата во Крушево, -3 во Лазарополе, -2 во Крива Паланка, Прилеп и Берово, -1 степен во Тетово. Нула степени се измерени во Скопје, Охрид, Битола, Штип, Струмица, Куманово, Виница и Претор, 1 степен во Кавадарци и Демир Капија, два во Дојран и три степени во Гевгелија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









