Пратениците работат со полна пареа

 

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците, за одбрана и безбедност, Законодавно-правната и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Комисија за финансирање и буџет ќе дебатира за Предлог законите за изменување на Законот за даночна постапка, за дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити, и за измените и дополнувањата на Законот за банките и Законот за хартии од вредност, сите во прво читање.

Предлог законите за изменување и дополнување на Законот за Народен правобранител и на Законот за парнична постапка, двата во прво читање, се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
 
Членовите на Комисија за одбрана и безбедност ќе расправаат за Предлог-резилуцијата за миграциската политика на Република Македонија 2015 - 2020.
 
Комисија за транспорт, врски и екологија, пак, ќе расправа за Предлог законот за градежно земиште во второ читање и Годишната програма за работа на Агенцијата за пошти за 2015 година.
 
Собраниската Законодавно-правна комисија ќе се признесе по Предлог законот за градежно земјиште во второ читање, како и по законските решенија кои се во прво читање, а се на дневен ред на горенаведените собраниски комисии.
 

 

Оцени ја веста

12.01.2015 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега