ФОТО: Младите од ВМРО-ДПМНЕ ги израдуваа дечињата од Домот „25 Мај“

 

Младите од ВМРО-ДПМНЕ денеска ги израдуваа дечињата од Домот „25 Мај“, подарувајќи им новогодишни пакетчња и Куќа на радоста.

УМС викендов ја заврши акцијата „Биди и ти нечиј Дедо Мраз“, во која на ниво на цела Македонија беа собрани над 1.600 пакетчиња, со што младите луѓе ја покажаа својата хуманост и желба да израдуваат некого.

-Денеска сме тука во Домот „25 Мај“, поради фактот што ќе ја донираме Куќата на радоста која ја направивме, бидејќи дечињата од овој Дом ќе можат да си играат во нејзе и да ја користат во наредниот период. Воедно, ќе донираме и дел од пакетчињата кои ги собравме во текот на оваа акција, истакна претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски.

Од УМС им се заблагодарија на сите оние кои донираа и порачаа хуманоста да се покажуваа не само во овој период, туку низ целата година.

 

 

Оцени ја веста

11.01.2015 - 14:20
Фото: 
курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега