Преку Канцеларијата за „Купи куќа, купи стан“ најбрзо до сопствен дом

 

Канцеларијата посветена на  проектот „Купи куќа, купи стан“, која од понеделник ќе биде отворена во Министерството за финансии, според вицепремиерот Зоран Ставрески ќе им помогне на граѓаните полесно да донесат одлука и да дојдат до сопствен дом.

- Се решивме во Министерството за финансии да има отворена канцеларија во која во одреден дел од денот, за што граѓаните ќе бидат информирани, да може да дојдат, да се сретнат со луѓето од Министерството за финансии и да им помогнат во тој процесот за да им биде полесно на граѓаните и да се информираат и да донесат таква одлука, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања по официјалното доделување на клучевите од станот на добитникот од наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“.  

Тој додаде дека од понеделник во Министерството за финансии ќе има отворена канцеларија, редовна за проектот „Купи куќа, купи стан“ и тоа токму заради интересот на граѓаните околу тоа на едно место да се добиваат информации за проектот, за слободни станови кои се до 900 евра по метар квадратен, потоа за тоа од кои банки можат да добијат кредити, кои се условите, како и тоа колку помош ќе добијат од државата.

 

 

Оцени ја веста

10.01.2015 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега