Утрово најладно во Скопје - живата на термометарот длабоко под нулата

Најниска температура во Македонија утрово од минус 9 степени Целзиусови е измерена во Скопје, а најтопло со четири степени над нулата било во Охрид. Метеоролозите најавуваат нов снег од утревечер.
Според информациите на УХМР во Тетово утрово било - 8, во Битола и Прилеп - 6, во Штип и Берово -5, во Крива Паланка, Демир Капија и Струмица - 4, во Гевгелија - 3, во Виница - 2, Лазарополе и Маврово - 1,во Крушево 0 и во Претор 3.
Утринава во земјава времето кон север е претежно облачно и студено. Кон југ и на повисоките места температурите се повисоки и таму дува претежно умерен западен ветер.
Метеоролозите за денеска најавуваат променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен, претежно западен ветер. Во северните делови ќе има појава на слаб повремен дожд.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









