Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово ќе формираат локална акциска група

 

Претставници од општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово покренаа иницијатива за формирање локална акциска група на територијата на четирите општини, чија што цел ќе биде на општините да им обезбеди позиционирање во врска со воведувањето на ЛЕАДЕР пристапот во Република Македонија.

- Со оглед на веќе воспоставената соработка што општините од југоисточниот регион ја одржуваат на повеќе полиња, сметаме дека претстојниот период треба да се искористи за создавање услови за успешен пристап пред надлежното министерство во напорите за регистрација и акредитација на локалната акциска група од територијата на нашите општини, соопштија денеска од Иницијативниот одбор.

Иницијативата за формирање локална акциска група беше покрената од Одделението за локален економски развој на општина Богданци ,а прифатена од општините Гевгелија, Дојран и Валандово.

 

 

Оцени ја веста

09.01.2015 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега