Што ќе се случува денеска со температурите?

Времето во Македонија ќе биде студено и со врнежи од снег. Ќе има услови за засилен северен ветер, а во јужните делови во пониските места прво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа и таму ќе поминуваат во снег.
Врнежите ќе бидат со слаб, а на планините повремено со умерен интензитет и снежната покривка ќе се зголеми за околу 10 сантиметри.
Минималната температура ќе изнесува минус осум степени, а максималната седум степени
Во Скопје ќе преовладува слично време, со температура до пет степени Целзиусови.
Оцени ја веста
04.01.2015 - 10:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








