ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да си ги бара во себе причините зошто сеуште е во опозиција

На СДСМ и требаше три дена да се разбуди од зимскиот сон за да свати дека премиерот имаше новогодишно обраќање. Тоа е доказ дека се класични неработници. Им требаат три дена да разберат за обраќањето, исто како што им требаат децении да се реформираат како партија. Ова денеска го изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.
-И таман кога помисливме дека во новата година ќе предложат нешто конструктивно и корисно за граѓаните тие продолжуваат со истата препознатлива реторика на манипулации и клевети. Нивните обвинувања за лажирани и недемократски избори се распрснуваат како меур од сапуница со разликата која беше остварена на претходните парламентарни избори која беше над 200 илјади гласови. Тоа беше гласот на граѓаните, велат од партијата.
Секое омаловажување на тој резултат, е омаловажување спрема граѓаните. СДСМ треба да престане да креира проблеми и после тие да ги преставува како државни проблеми. Она што сега СДСМ го прави е на директна штета на државата и нејзините граѓани.
Во новата 2015 година се надеваме дека ќе ги увидат овие факти и ќе почнат да си ги бараат во самите себе причините зошто сеуште се во опозиција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









