Денеска ќе биде најстудено: Половина Македонија во портокалова фаза

 

Уште еден ветровит и студен ден е пред нас. Повремен слаб снег е можен во јужната половина од земјава и тоа во претпладневните часови. Но, станува збор за сосема слаби врнежи, без особени услови за снежна покривка. Ветерот ќе биде умерен, и ќе дува од север.

 

Минималната температура ќе има вредност околу -12° низ котлините,a на повисоките места таа ќе се спушти до околу -16°С.

 

Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу -8°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток само до -2°С. На повисоките места максималната температура ќе има вредност околу -10°С.

Ноќта за дочекот на Нова Година ќе биде студена, со температура под -10°С. Заради температурата субјективната (чувствителната) температура ќе биде под -15°С

 

Во скопската котлина ќе биде суво и ветровито. Утрото и вечерта ќе бидат особено студени, со температура околу -10°С.

Минималната температура ќе има вредност околу -11°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност само околу -5°С.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 23:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега