Ако два пати не дојдете на Мој термин - третиот преглед кај лекарот ќе си го платите приватно

Воведување хоспитална култура, национална комисија за дијабетес, правила за безбедна хирургија, клинички патеки за дијагностицирање, лекување и следење малигни заболувања, нов систем за специјализации, се само некои од измените на Законот за здравствена заштита што попладнево го поминаа првото читање во Собранието.
Предлог текстот предвидува и новини во однос на проектот „мој термин“ – ако пациентите во тек на еден месец двапати не дојдат на закажаниот термин или четири пати во годината, секој нареден преглед што ќе го закажуваат ќе треба да го платат 50 отсто од свои средства. Но, на пациентите, воедно, им се дава можност, ако не се задоволни од прегледите или ако навреме не бидат прегледани, усно или писмено да се пожалат на менаџерскиот тим кој е должен да преземе одредени мерки.
- Со измените значително ќе се подобри функционирањето на здравствениот систем во земјава, поголем ќе биде квалитетот на здравствената услуга, ќе се зајакне одговорноста на директорите на здравствените установи и ќе им се дадат одредени алатки на пациентите за многу поголемо почитување на нивните права, рече ресорниот заменик министер Јовица Андовски.
Пред донесувањето на измените, потсети, Министерството за здравство организира три јавни дебати во кои учествуваа сите засегнати страни.- Новините се во функција на граѓаните, надградување на здравствениот систем, неговата ефикасност и покачување на квалитетот на здравстсвените услуги. Со нив се подигаат нивото, контролата и евиденцијата во здравството. Опфаќаат мерки и активности за унапредување на здравјето, рано откривање на болестите и факторите на ризик за настанување на хроничните заболувања, се подига одговорноста на директорите, истакна Момчило Аврамоски од ВМРО-ДПМНЕ.
Се регулира, додаде, и системот на специјализациите, се уредува по европски терк.
- Специјализантите ќе имаат многу поактивен пристап во текот на нивната едукација, ќе мора да го пројдат турнусот по претходно зацртаниот план, нагласи Аврамоски.
Неговиот сопартиец Андон Чибишев, кој ги оцени измените како позитивни, давајќи им целосна поддршка, се осврна на хоспиталната клултура која, напомена, многу строго ги регулира однесувањето и постапувањето на здравствените работници, го заштитува нивниот личен и професионален интегритетот и ја подобрува ефективноста во работата.
- Последниве 20 години сведоци сме на кадрова политика во здравството која значително го намали здравствениот кадар, особено специјалистите, во некои здравствени институции. Со новиот закон се регулира можноста министерот со одлука да распоредува, односно дисперзира дефицитарни кадри во одредени региони, три или пет работни дена. На овој начин ќе се ублажи недостатокот на специјалисти во некои здравствени области, посочи Чибишев.
Собранието попладнево ги донесе и измените и дополнувањата на законите за финансиска дисциплина, за задолжителна задолжница, за квалитет на амбиенталниот воздух, за снабдување со вода за пиење и одведување урбани отпадни води, за градежно земјиште,
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








