Промовирана Антологија на македонската поезија на хебрејски јазик

Во Домот на израелските писатели во Тел Авив на македонска вечер е промовирана Антологија на македонската поезија, објавена во Израел на хебрејски јазик.
Во Антологијата се застапени македонски поети од сите генерации. Приредувач на изданието е израелскиот поет Авив Екрони.
- На вечерта со македонска поезија и музика познатиот израелски поет Рони Софер зборуваше за Струшките вечери на поезијата, соопшти писателот Димитар Башевски, со кого Екрони соработувал во подготвувањето на Антологијата. За време на вечерта било прочитано и поздравно писмо од Башевски.
Оцени ја веста
30.12.2014 - 18:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









