Утрово минус 20 во Лазарополе, минус 17 во Крушево - Македонија мрзне

 

Минимални минус 20 степени утрово се измерени во Лазарополе, следува со минус 17 Крушево, -16 Маврово, -15 Крива Паланка и Тетово, -14 Прилеп и Битола, -12 Дебар, -11 Охрид, -10 Скопје, Виница и Претор, -8 Штип, -7 Струмица, -6 Д.Капија и -3 Гевгелија.

За денеска е најавено студено време, претпладне со сончеви периоди, попладне претежно облачно. Во вечерните и ноќните часови ќе има врнежи од снег со слаб, а во западните и јужните делови повремено со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, а поради ниските температури ќе има појава на гoломразица.

Дневната температура ќе се движи од -10 до -1 степен.

Највисока снежна покривка од 67 сантиметри е измерена во Маврови Анови, 61 во Лазарополе, 47 во Пожаране, 42 во Крушево, 34 во Тетово, 32 во Тополчани, 30 во Охрид, 18 во Ѓуриште, 17 во Прилеп, 16 во  Скопје и Претор, 15 во Битола, 10 во КриваПаланка, Куманово и Дебар и пет во Берово.

Најстудено утро се очекува во петок кога температурата ќе се спушти од -20 до -11 степени. Дневната температура, пак, од петок ќе биде во постепен благ пораст и за време на викендот ќе достигнува од -5 до 5 степени.

 

 

Оцени ја веста

30.12.2014 - 09:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега