ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Ноќеска ќе не затрупа снег - еве колкава покривка има во моментов низ Македонија

 

Снегот што од попладнето ја зафати територијата на Македонија на некои места веќе направи снежна покривка и до речиси половина метар, пренесува МИА.

Според податоците на Управата за хидрометеоролшки работи, најмногу снег досега наврна во Маврово - 46 сантиметри, во Лазарополе - 36, Пожаране - 32 и  во Тетово 22 сантиметра.

Во Скопје е формирана снежна покривка од 9 сентиметри, во Охрид 5, во Битола 4, а во Прилеп 3 сантиметри.

Снегот, според најавата од УХМР, ќе продолжи интензивно да паѓа и во текот на ноќта, што ќе формира нова снежна покривка која не повеќе места ќе биде со висина од 10 до 40 см. На планинските места ќе има значително зголемување на снежната покривка, локално и над 50 см проследено со силен ветер кој ќе услови и снежни наноси. Ќе дува умерен, долж Повардарието и на исток засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина до 80км/ч.

 

Утре ќе се спушта многу студена воздушна маса од север со умерен до засилен северен ветер која во наредните денови ќе предизвика променливо облачно и многу студено време со локален снег и појава на голомразица

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега