Иво Вајгл: ЕУ го руши кредибилитетот со последната одлука за Македонија
Со непочитувањето на препораките на Комисијата и Парламентот од Советот на ЕУ, се руши кредибилитетот на европските институции. Ова го истакна словенечкиот европратеник Иво Вајгл кој дополни дека со последната одлука за Македонија, Европскиот совет да го одложи доделувањето на датум за почеток на преговорите со земјата, ЕУ покажа дека не размислува стратегиски.
Ваквата одлука наиде на бура од остри критики во ЕП, а за словенечкиот европратеник ваквата реакција е „слаба порака“. Имено не отпочнувањето на преговорите за зачленување на Македонија во ЕУ, и несослушувањето на препораките на ЕП и Комисијата беше вистинско разочарување не само во рамки на ЕУ туку и во Македонија.
- Тоа е слаба порака не само за Македонија, туку и за Европската Унија, бидејќи тоа покажува дека има премалку стратегиско размислување кога се донесуваат такви одлуки. Мислам дека е апсолутно потребно да се донесеше колку што е можно побрзо одлуката за почеток на преговорите со Македонија. Со што, на процесот кој трае предолго и е забавен само поради едно прашање и една држава која го блокира почетокот на преговорите, ќе му се стави крај, вели Вајг.
Тој притоа изразува надеж дека ваквата ситуација нема да продолжи и во иднина.
- Овој пат повторно преовлада стариот дух. Се надевам дека истото нема да се случи и во следната прилика. Ние во Европскиот парламент ќе се ангажираме за да напреднат работите. Кога станува збор за европската иднина на Македонија, треба да се гледа во иднината, а не во минатото. Мислам дека со ова се руши кредибилитетот на европските институции, оценува словенечкиот европратеник.
Тој очекува новата Европска комисија да најде начин за излез од оваа ситуација.
- Со оглед дека новиот претседател на Европската Комисија, Јункер воведе нов дух во размислувањето на Комисијата, малку повеќе позитивна енергија и прагматизам, верувам дека и новата Комисија ќе даде нов поттик и поинакво размислување во однос на европската иднина на Македонија, потенцира Вајгл.
Известувачот на Европскиот парламент за напредокот на Македонија во еврооинтеграцијата со совет до Македонија дека мора и понатаму да работи за да се применат кртериумите, вредностите и стадардите кои важат во Европската Унија и кои се неизбежни за државите кандидати.
- Македонија, исто така, мислам дека треба да даде порака за својата внатрешна консолидација со што ќе најде начин да се реши блокадата на Парламентот. Парламентот е тој кој испраќа пораки како дома, така и во светот, сугерира Вајгл.
Првиот извештај на Иво Вајгл за Македонија ќе влези во парламентарна процедура на почетокот од 2015 година, по што препораките од европратениците ќе бидат повторно преточени во резолуција која што ќе треба да се гласа на пленарна сесија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









