Јолевски: Квалитетот на образованието за секој поединец и општеството се основа за нивниот просперитет

 

Министерот за одбрана Зоран Јолевски на својот Фејсбук профил истакна дека имајќи го предвид значењето на образованието, како државјанин, татко, и професор, сака да се вклучам во дијалогот по предложените промени за Законот за високо образование.

-Квалитетот на образованието за секој поединец и општеството се основа за нивниот просперитет. Во мојата магистарска тема која беше насловена „Деловните стратегии на транснационалните компании“ во 1989 година имам напишано дека богати државни се оние државни кои имаат високи технологии, за кои е потребно е да имаат граѓани со висококвалитетно знаење. Традиционално во македонското семејство се давало и се дава огромно значење на образованието. Последниве неколку години Владата на Република Македонија прави бројни реформи со цел да се зголеми квалитетот на образованието во земјата. Ќе наведам само неколку: задолжително средно образование, изучување на англискиот јазик од прво одделние, компјутер за секој ученик, зголемување на бројот на студенти, отворање можност за бесплатно студирење на 100 најдобри универзитети во светот и многу други реформи, вели Јолевски.

 

Тој смета дека сите овие напори се наменети за да се поддржат учениците, нивните родители, и професорите со цел да се зголеми кавлитетот на образованието кое е клуч за успехот на нашата иднина.

-Овие реформи се инвестиција за деновите пред нас. Само со квалитетно високообразована работна сила можеме да го подобриме животот во нашата земја.Затоа секој одговорен поединец, секој одговорен родител и одговорна влада посвтуваат особено внимание на образованието. Иако основната обврска на секој млад човек е да работи на стекнување на што поквалитетно знаење, останатите сегменти на општеството имаат обврска да му создадат услови за постигнување на оваа цел. Тие треба да бидат партнери за постигнување. Владата на Република Македонија, во која сум член, останува цврсто посветена на ова партнерство. Покрај образованието, интегритетот и високи морални норми на поединецот се основа за напредок. Дури може да кажеме дека заењето и интегритетот на личноста одат взамено и се надополнуваат.  Мораме да се сложиме дека со транзицијата, последниве две декади се соочуваме постепно намалување на критериумите за оценување, па дури и купување на дипломи. Целиот регион се соочува со овие процеси. Сето ова доведува до девалвирање на образованието. Овие трендови се резултат на неколку фактори. Прво за дел од родителите поважно е нивните деца добијат диплома, отколку да се здобијат со знаења. Формата е поважна од суштината. Кога станува за оценките, професорите располагаат со неограничени ресурси, односно можат да дадат десетки, седмици или пак петки колку сакаат. Кога на ова ќе се додадат т.н. врски, јавувања од родителите или семејните пријатели, што мораме да се сложиме дека е станата нормална појава во нашата средина, тогаш се почество се соочуваме кога професорите нерационално го користат неограничениот ресурс што го имаат на располагање – оценките. Во вакви услови добивањето на преодна оценка без сериозно да се посветат на учењето за еден дел од студентите станува нормално однесување. 
Ја имав таа привилегија и задоволство да бидам универзитетски професор. Покрај во Македонија, имам одржано предавања на многу универзитети во странство, меѓу кои се Харвард, Универзитетот Џорџија, Колеџот во Бриж и други, вели министерот за одбрана.

Јолевски дава пример за тоа какви воспитни критериуми има во земјата каде седум ипол години бил амбасадор, односно Соединетите Американски Држави.

-Таму ако студент е фатен да препишува на испит можат веднаш да е исклучен од универзитетот, а во потврдата за положените испити ќе биде напишено дека лицето е исклучено заради препишување. Таму е незамисливо да се ургира кај професор одреден студент да положи испит доколку нема соодветно знаење. На универзитетските студии се гледа како инвестиција. Инвестиција во иднината. Но да се вратиме на Македонија и предложените измени. Целта на овие измени да се обезбеди минимален квалитет на знаење што мора да го има дипломираниот студент и да се обезбеди повисок квалитет на наставниот кадар на универзитетет. Минималниот квалитет на знаење се обезбедува преку државниот испит, а повисокиот квалитет на професорите преку барање за обавување на научно-истражувачка работа, која ќе се мери преку објавување на научни трудови. Точно е дека за да се исполнат овие критериуми ќе треба студентите и професорите да вложат поголем труд. Но тој труд нема да биде залуден. Овие реформи ќе обезбедат поголем квалитет на образованието, студенти со поголемо знаење, професори кои ќе мораат да зе занимаваат со научно истражувачка работа. Нема да има веќе можности за полагање на испити без да се има минимум на знаење, нема да може професорот арбитрарно, повикувајќи се на академската автономија, да дава прелазни оценки на студентите кои тоа не го заслужуваат. Се бара универзитетските професори да се посветат на научно-истражувачка работа, а преку тоа да се стекнат со најсовремени знаења, кои ќе можат да ги пренесуваат на студентите, додава Јолевски.

Тој посочува дека добитници се студентите кој вредно ќе учат и ќе ги положат испитите и професорите кои ќе ги следат најновите научни мисли. Губитници ќе се младите кои мислат дека без труд и знаење ќе можат да завршат факултет и професорите кои сметаат дека без научно-истражувачка работа ќе можат да продолжат да образуваат кадри во високо образовни инситуции.

-Добитници ќе бидат завршените студенти, кои на конкурсите за вработување нема да имаат нелојална конкуренција од оние кои ги купиле или со протекција ги стекнале дипломите. Овие реформи не се лесни, но се клучни за академската иднина на Македонија, нагласува министерот за одбрана.

 

 

 

 

Оцени ја веста

28.12.2014 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега