„Дедо мраз на мотор“ во Куманово

Членовите на мото клубот „Мечки“ во соработка со моторџиите од Скопје и Свети Николе по повод новогодишните празници го посетија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост под 18 години.
- Поделивме новогодишни подароци за корисниците на овој дневен центар, изјави Ивица Петковски од Мото клубот „Мечки“.
Ивица Благојевиќ, кој работи како психолог во Дневниот центар, истакна дека штитениците спектакуларно ја доживеале средбата со моторџиите.
Моторџиите ги посетија и децата со попреченост од основното училиште „Браќа Миладиновци“.
Клубот „Мечки“ годинава беше и иницијатор и заедно со „Еуробајкер“ донираше медицинска опрема, кревети, душеци и потрошен материјал за Општата болница од Куманово, Домот за стари лица и за кумановската градинка
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









