Професорите од универзитетот во Штип дадоа поддршка за државниот испит

 

Професорите од штипскиот универзитет Гоце Делчев со став дека е потребно да има државен испит на нивниот универзитет, пишува Канал 5.

Државниот испит според нив е потребен за да се оцени целокупното образование на студентите стекнато во текот на студирањето .

-Сметам дека следење и проверување на постигнувањата на оној што учи треба да постои во сите  институции без разлика на нивото на институции. Ќе се добие повратна информација за тоа во кој правец се движи процесот на настава, со цел да знаеме дали се движиме во вистинската насока или треба нешто да менуваме. Тоа е еден позитивен чекор во смила на тоа што ќе видиме колку се постигнати целите што ние како наставници си ги поставуваме, а би ни дало и повратна информација за создавање можности и услови за обезбедување квалитет во образованието, вели професорка на штипскиот универзитет за Канал 5.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега