Сообраќајот ќе се поремети - еве каде нема да се вози

 

Градот Скопје ги известува сите учесници во сообраќајот дека во недала во 10 часот привремено ќе бидат исклучени семафорите на крстосницата помеѓу булеварот "Митрополит Теодосиј Гологанов" со улицата "Московска".

Причината за исклучувањето на семафорите е извршување на градежни работи - дислоцирање на семафорски столбови.

Градежните работи ги изведува ЈП "Улици и патишта", додека семафорската сигнализација ќе биде исклучена до завршување на активностите.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат кон времено поставениот режим на сообраќај.

 

 

Оцени ја веста

26.12.2014 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега