Еве каде е најзагаден воздухот низ Македонија
Воздухот утрово е загаден во сите скопски општини, Тетово, Кавдарци и Велес.
Високи концентрации на ПМ10 регистрираа мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба, Ректорат, како и во Тетово и Велес, каде што се евидентирани меѓу 500 и 1.000 микрограми ПМ10 честички на метар кубен.
Со високи концентрации на ПМ10 е и воздухот во Кавадарци, Кичево и Миладиновци каде се измерени меѓу 300 и 350 микрограми.
Во рамки на дозволеното ПМ10 честичките се само во Лазаропол со измерени 20 микрограми на метар кубен.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









